Спротивно на правилата на АИБА на Лулзим Исмаили во Приштина му досудија нерешена борба, за да не победи (ФОТО)

Македонските репрезентативци Денис Муаремовски и Лулзим Исмаили викендов учествуваа на меѓународниот боксерски турнир во Приштина по повод 10 години од независноста на Косово.

Според селекторот на репрезентацијата, Петре Чурлиновски, Лулзим Исмаили против Тјел Врановци три рунди избоксирал одлично и ја имал добиено борбата, а судиите донеле одлука која е спротивна на правилата на АИБА, односно пресудиле дека борбата завршила нерешено. По ова дошло до заострување на атмосфрерата поради протестот на нашето раководство, односно на Чурлиновски и Фатон Салиху. Но тоа ништо не променило.

Додека Денис Муаремовски со Патриот Бехари кој добро се борел ја изгубил битката со едногласна одлука на судиите.

Сепак, Чурлиновски нагласува дека овој турнир немал натпреварувачко значење за нашите боксери туку само проверка на формата пред Европското првенство за боксери до 22 години во Романија во март.

На турнирот требаше да настапи и нашиот најдобар боксер Гоце Јанески, но поради повредата штоја доби минатата година во РБЛ, не сакале да ризикуваат пред ЕП.

На турнирот учествуваа боксери од Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО