Спектакл во 2018-та Џошуа-Паркер за апсолутен светски првак

Боксерскиот свет во 2018 година може да добие апсолутен светски шампион во супертешка категорија по цели 17 години. Според британските медиуми, веќе е договорен дуелот меѓу Ентони Џошуа, сопственик на шампионските појаси во ВБА, ИБО и ИБФ и Џозеф Паркер, првак во ВБО. Победникот од овој дуел, до крајот на наредната година ќе се бори со Дионтеј Вајлдер, шампион на ВБЦ.

Треба само да го потпишеме договорот. Мислам дека ништо не може да ја наруши неговата реализација“, изјави Паркер.

И Џошуа и Паркер се непоразени во досегашниот тек од кариерата. Британецот има 20, а боксерот од Нов Зеланд 24 победи. Непоразен е и Американецот Вајлдер во сите негови 39 борби.

Дуелот меѓу Џошуа и Паркер треба да се одржи најдоцна до април, а мечот со Вајлдер ќе биде во декември наредната година.

Последен апсолутен шампион, сопственик на сите појаси во супертешка категорија стана Ленок Луис во 2000 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО