Од 350 илјади евра на Бокс федерацијата се офајдија сите, па и боречките спортови

Директорот на Агенцијата за млади и спорт на денешниот брифинг со новинарите рече дека до крајот на месецов ќе бидат доделени околу 350.000 евра за развој на младинскиот спорт на речиси сите спортски федерации во државата, а кои беа повлечени од Боксерската федерација на Македонија (БФМ).

Овие пари ќе бидат распределени според пласманот во соодветните младински натпреварувања. Најмногу, логично, ќе добијат фудбалската, ракометната и кошаркарската федерација и тоа по околу 2,7 милиони денари кои ќе бидат строго наменски, а околу 1,5 милиони денари ќе завршат на сметка на федерацијата за училишен спорт.

Боречките спортови ќе ги добијат следните суми:

Борење – 450.000 денари за 5 клуба

Бокс – 350.000 – 3 клуба

Џудо – 450.000 – 5 клуба

Таеквондо – 500.000 – 5 клуба

Карате – 550.000 – 5 клуба

Трад. карате – 220.000 

Кик бокс – 450.000 – 5 клуба

Пеливанско борење – 120.000

Џиу џица – 150.000

Бразилско џиу џицу – 150.000

Самбо – 150.000.

Од иднната година овие средства ќе се делат во јуни-јули, а ќе се прават напори да има зафаќање и од други акцизни производи.

АСМ сака да го менува и изборот на спортист на годината, бидејќи годинава се крена многу врева во врска со оваа тема.

АМС од 2018 година ќе ги финансира потенцијалните олимпијци до 2020 година, со тоа што нема да се слушаат само федерациите поради човечките односи нати го-дајми го.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО