Спасовски и Косотовска ќе се борат за бронзи, блесок на Хаџи Кимов на Европското првенство

Двајца македонски каратисти ќе се борат за бронзени медали на Европското карате првенство за сениори во Газиантеп во Турција, тоа се Вероника Костовска (61 кг) и Петар Спасеновски (84 кг).

Иако не се изборија за борба за медал добар настап имаа Ангела Мојсовска и младиот Глигор Хаџи Кимов. Мојсовска извојува две победи, а Хаџи Кимов три, кој го елиминира и Габор Харспартаки од Унгарија, еден од најдобрите каратисти во оваа категорија и бронзен на ОИ во Токио. Му недостасуваше уште еден чекор против големиот олимпискиот првак Луиџи Буза. Сепак, ова голем дебитантски настап на Европското првенство.

Тренерите на Хаџи Кимов, Сашко и Жарко Арсовски, истакнуваат дека неискуството било клучно во мечот со Буза, бидејќи нашиот каратист водел со 2-0, а Италијанецот во последната минута освоил 4 поени.

Фахик Весели (-60 кг) доби шанса во репсажот, но неговиот меч со Германецот Флориан Хас заврши 1-1, што значи противникот прв освоил поен и се пласира понатаму.

Остануваат уште настапите на машкиот и женскиот тим во борби.

Мажите ќе се сретнат со Шпанија, а жените со Словачка.

Да потсетиме дека Спасеновски беше на чекор до финалето, но во последната борба беше поразен од големиот фаворит, Хрватот, Енис Гарибовиќ со 3-0. Во борбата за бронзениот медал ќе се сретне со Оз Мурат од Турција.

Додека Костовска, иако беше поразена во првото коло од Германката, Ана Мигу, во репасажот ја искористи шансата победувајќи ги Антеа Стиланиу од Кипар со 6-2 и Киа Копонен од Финска со 3-0, и обезбеди борба за бронзата против Лаура Сиверт од Франција.

Резултати Европско првенство:

-55 кг
Марија Милева – Јакан Туба (Турција) 3-2
Марија Милева – Вероника Брунори (Италија) 0-1

-61 кг
Верника Костовска – Ана Мигу (Германија) 0-7
Репасаж
Верника Костовска – Антеа Стиланиу (Кипар) 6-2
Верника Костовска – (Киа Копонен) Финска 3-0
За борнза
Веромика Костовска – Лаура Сиверт (Франција)

-68 кг
Ангела Мојсовска – Лина Летонен (Финска) 6-0
Ангела Мојсовска – Несрин Бужрин (Белгија) 6-1
Ангела Мојсовска – Мирослава Копунова (Словачка) 0-8
Репасаж
Ангела Мојсовска – Анита Макјан (Ерменија) 2-3

-60 кг
Фахик Весели – Алиреза Хосеини (Шведска) 4-0
Фахик Весели – Ерај Садман (Турција) 0-1
Репасаж
Фахик Весели – Флориан Хас (Германија) 1-1

-67 кг
Давид Петков – Васил Ривов (Бугарија) 0-1

-75 кг
Глигор Хаџи Кимов – Красен Николаев (Бугарија) 1-0
Глигор Хаџи Кимов – Димитриос Столис (Грција) 1-0
Глигор Хаџи Кимов – Габор Хаспартаки (Унгарија) 3-2
Глигор Хаџи Кимов – Луиџи Буза (Италија) 2-5

-84 кг
Петар Спасеновски – Лука Ретенбахер (Австрија) 3-0
Петар Спасеновски – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 1-0
Петар Спасеновски – Ибањез Сајнц-Торе (Шпанија) 3-2
Полуфинале
Петар Спасеновски – Енис Гарибовиќ (Хрватска) 0-3
За бронза
Петар Спасеновски – Оз Мурат (Турција)

+84 кг
Берат Јакупи – Робин Ретенбахер (Австрија) 1-0
Берат Јакупи – Тома Коса (Словачка) 0-1

Кати
Пуликсенија Јованоска 22,16 – петта во група 4 21-ва
Кристија Бајовски 22,66 – петти во група 4 17-ти
Ката тим мажи 22,52 – трети во група 1 7-ми

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО