Осум медали за Олимпија на меѓународниот турнир во Бугарија (ФОТО)

Борачите на БК Олимпија на Меморијалниот турнир „Ангел Сотиров Гочев“ во Росен кај Солзопол, Бугарија, освоија 8 медали – 2 златни и 6 сребрени.

На турнирот учествуваа повеќе екипи од Бугарија, а Олимпија настапи со 10 борачи и борачки.

Златни медали:
Андреа Нисева – златен медал, пионери -47 кг;
Мелани Митевска – златен, медал кадетки -60 кг, со 2 ефективни победи 10-0;

Сребрени медали:
Марио Ананиев – кадети -53кг;
Леон Стојанов – кадети;
Александар Миланов – кадети -65 кг со 2 ефективни победи;
Стефан Зашков – јуниори, -65 кг;
Даниел Манов – сениори, -74 кг;
Бојана Ковачева -кадети -47 кг.

„Не успеаја да се пласираат за награди, иако имаа по една победа, пртиоа нијанси одлучуваа за нивната победа. Така, се пласираа на петтото односно четвртото место. Петар Донев со резултат од 8-6 несреќно загуби во последните секунди“, велат од Олимпија и констатираат:

„Севкупно, успешен настап на Олимпија. Проверка на наученото,стимул за работа и секако нови турнири“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО