Спартак – Пинк Пантер 0-16

Пинк Пантер без да отпатува во Суботица ја победи екипата на Спартак со 16-0 во рамките на 8.коло на Регионалнта бокс лига, а Радник Бјелина синоќа славеше против Лазаревац/Металац со 12-4.

Радник – Лазаревац/Металац

Екипата на Пинк Пантер од Штип средбата со Спартак ја доби со службен резултат, бидејќи домаќините имале проблеми кои до недела не можеле да ги отстранат, па побарале од РБЛ да го одложи мечот. Раководните лица на РБЛ одлучиле дека тоа не може да се направи бидејќи гостинската екипа навреме се пријавила и била подготвена за средбата.

Од друга страна, со оваа одлука РБЛ сака да им стави до знаеењ на сите учесници дека веќе нема да има одложување на средбите по сопствена волја.

Со оваа победа Пинк Пантер ќе има 4 бода, а Радник 8 и ќе се изедначи на врвот на табелата со Сесвете.

„Ми се јави по телефон претседателот на Спартак и ми кажа дека средбата е одложена. Наводно, имале некои проблеми, кои не можеле да ги надминат. Му реков дека ќе прифатиме одложување, бидејќи не сакаме службени бодови. Целта е да имаме што повеќе борби, иако знаеме дека домашната екипа има поквалитетни боксери од нас. Подоцна ми се јави и претседателот на Регионалната лига, Јурица Рунтиќ. Тој веќе беше информиран дека домашните сакаат во последен момент да ја одложат средбата. Рунтиќ беше категоричен: „Нема одложување, никој не може да си игра со Лигата и да бара одложување во последен момент“. Рунтиќ имал разговор и со останатите челни луѓе во Регионалната лига. Сите биле единствени- Пинк Пантер да ги добие бодовите со службен резултат 16-0. Очигледно, иако ние сме аматери во оваа лига, се однесуваме професионално, а тие што се професионалци стануваат аматери. Сега ги почнуваме подготовките за средбата со Радник од Бјелина, екипа која се бори за титулата. Оваа средба ќе се одржи во Штип идниот викенд“, ни рече претседателот на Пинк Пантер, Илија Младеновски.

 Пинк Пантер ќе настапеше во следниот состав:

-56 кг Алмир Нуришов
-60 кг Александар Ристевски
-64 кг Мухамед Кадриев
-69 кг Артан Алиу
-75 кг Гоце Јанески
-81 кг Никола Арсов
-91 кг Марко Доциќ
+91 кг без претставник

8.коло Регионална бокс лига
Спартак – Пинк Пантер 0-16
Радник Бјелина – Лазаревац/Металац 12-4
Сесвете – Славија 24 септември,  одложена
Лозница е слободна

Табела по некомплетното 8.коло:

Сесвете 8, Радник 8, Лозница 6, Спартак 6, Пинк Пантер 4, Лазаревац/Металац 4 и Славија 2.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО