Жилберто Рамирез ја одбрани титулата на ВБО во суперсредна категорија (ВИДЕО)

Жилберто Рамирез (36-0, 24 КО) по втор пат ја одбрани титулата на ВБО во суперсредна категорија.

Непоразениот 26-годишен Мексиканец го победи Џеси Харт (22-1, 18 КО) со едногласна одлука и го доживеа првиот пораз во кариерата.

Судиите го бодуваа мечот 115-112, 115-112 и 114-113 за „Зурда“.

Рамирез задолжителниот предизвикувач го соборуваше во втората рунда, но 28-годишниот Американец не се предаваше и ја направи интересна борбата до самиот крај.

Рамирез појасот го освои во април минатата година против Артур Абрахам.

Во главната борба на настанот на Тусон, Оскар Валдез (23-0, 19 КО) се најде на подот во четвртата рунда, но успеа да ја одбрани титулата на ВБО во перолесна категорија. 26-годишниот Мексиканец во петата рунда го соборуваше својот противник од Филипините, Генезис Серванија (29-1, 12 КО) на патот до убедливата победа – 116-110, 117-109, 119-111.

https://youtu.be/65cdWXd3sto

https://youtu.be/TcgMU1G70Dc

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО