Мајкл Конлан го забележа четвртиот профи нокаут (ВИДЕО)

Мајкл Конлан (4-0, 4 КО) во Тусон ја забележа четвртата победа по професионалното деби во март оваа година.

25-годишниот Ирец го направи она што се очекуваше, со десно кроше во последните моменти од втората рунда го заврши Кени Гузман (3-1, 1 КО). Иако Гузман имаше најдобар скор од досгеашните противниците на Конлан, станува збор за боксер кој работи како столар и повремено боксира.

Поранешниот светски и аматерски шампион на петата професионална борба би требало да ја одработи на 9 декември во воведниот дел на мечот меѓу Ломаченко и Ригондо.

Олимпискиот победник од Рио во лесна категорија Робсон Консеисао (5 КО, 4 Ко) стигна до петата победа откако неговиот противник Карлос Осорио (13-8-1, 5 КО) го повреди рамото и му го предаде мечот по третата рунда.

https://youtu.be/hJy7HDT-aWI

https://youtu.be/8bmFiv8RU3U

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО