Спаринг партнерот што го нокаутира Џошуа ќе има средба со Мурат Гасиев

Спаринг партнерот на Ентони Џошуа за мечот со Енди Руиз – Џои Девејко доби неочекуван меч, ќе се бори со Русинот Мурат Гасиев кој ќе дебитира тешка категорија. Средбата ќе се одржи на 27 јули во Арлингтон.

Веста беше кажана лично од Еди Херн, кој беше нападнат со безброј прашања во врска со Девејко во последниве денови.

Една од теориите за неуспехот на Џошуа беше таа дека Американецот ја нокутирал британската ѕвезда за време на спарингот. Како резултат на тоа, поранешниот светски шампион добил потрес на мозокот и не бил на 100 отстово дуелот со Руиз.

Газиев има 26 победи (19 со нокаут) од 27 натпревари. Единствениот пораз во неговата кариера е од Александр Усик во финалето на Светските боксерска супер серија.

29-годишниот Давејко има 19 победи (11 со нокаут), 7 порази и 4 нерешнии. На Американецот денес му е роденден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО