Спаринг партнерот на Усик го дефинираше како немоќен

Еден од боксерите што спарингуваше со Александар Усик (18-0) го опиша Украинецот како слаб. Според Мартин Баколи (16-1), поранешниот светски шампион во полутешка категорија нема да може да го повреди Ентони Џошуа (24-1) во претстојниот меч.

Еј Џеј ќе ги брани титулите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија на 25 септември на стадионот Тотенхем. Ова ќе биде прв натпревар за Британецот од 12 декември минатата година, кога го совлада Кубрат Пулев (28-2) со нокаут во деветата рунда.

Баколи се спарингуваше и со Џошуа и со Усик и направи споредба меѓу нив. Тој е категоричен дека е тешко да се споредат и единствената шанса за Украинецот е да бара победа на бодови.

„Усик има класа, тоа е сигурно. Сите знаат дека е најдобар во полутешка категорија. Но, овде зборуваме за најтешките, каде што еден удар може да го заврши мечот. Правев спаринг средби со него две недели и никогаш не ме удри со сила што ќе ме повреди“, изјави Баколи.

Африканецот додаде дека ова можеби е стил на подготовка за Усик, но го повика да крева тегови за да има шанса. „Еј Џеј дефинитивно има повеќе моќ во неговите раце. Направив спаринг и со него, а разликата е огромна. Ако Усик имаше сила, ќе го нокаутираше Чисора, но не. Мислам дека ќе се стреми да победи во 12 -те рунди“, изјави Баколи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО