Нападна 16-годишник на улица, но не знаеше дека момчето е светски првак (ВИДЕО)

На социјалните мрежи брзо се прошири видео на кое се гледа како постар маж напаѓа 16-годишник кој седел на клупа со пријател.

По кратко притискање, насилникот се обиде да го удри момчето со коленото, а потоа доживеа вистинско изненадување, со трепкање на окото се најде на грб.

Имено, човекот се закачна со 16-годишниот светски јуниорски шампион во бразилско џиу-џицу, Алекс Вилијамс. Видеото го објави тренерот на Вилијамс, Алекс Енлунд, поранешен шампион во Кејџ Вориорс.

„Возрасен маж се обиде да нападне 16-годишник кој е повеќекратен светски шампион во БЏЏ. Алекс покажува смиреност, воздржаност и храброст во оваа ситуација“, напиша Алекс Енлунд во објавата, додавајќи:

„Запишете ги децата во училиште за боречки вештини. Малку е веројатно дека ќе стане насилник поради понизноста што се учи на подлогата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО