Сонен верува дека УФЦ сака да организира меч меѓу Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз

Шефот на УФЦ, Дејна Вајт, е подготвен да ја исполни секоја желба на Конор Мек Грегор. Некогаш се шпекулираше дека ирската ММА ѕвезда во камбек борба, по заздравувањето од повредата здобиена минатата година на мечот против Пориер, веднаш може да добие шанса да го нападне појасот, но во последните недели актуелирана е темата за пресметката против Нејт Дијаз.

Познато е дека Дијаз има уште еден меч под договор со УФЦ, а мечот против Конор би бил добра можност за промоција да заработи големи пари.

Мек Грегор и Дијаз досега се бореа двапати, во првиот Нејт беше поуспешен, но во реваншот возврати Конор.

Нивниот реванш на УФЦ 202 имаше 1,4 милиони продадени преноси и е трет најуспешен настан во историјата на промоцијата.

Веќе некое време се зборува за можна трилогија, а како можен датум се споменува 3 јули на настанот УФЦ 276 што ќе се одржи за време на Меѓународната фајт недела.

„Многу се зборува за потенцијален трет меч меѓу Нејт Дијаз и Конор Мек Грегор и дека нивниот судир е договорен за настан на почетокот на јули за време на Меѓународната фајт недела. Но, не сум премногу сигурен за тоа, бидејќи имам информации дека Мек Грегор не треба да се врати до август“, изјави Каел Сонен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО