Ковингтон уште еднаш го прозва Адесања: Тој е обичен кардио кикбоксер

Колби Ковингтон не сака да мирува. По победата против Хорхе Масвидал ги прозва шампионите Камару Усман и Израел Адесања, како и Дастин Пориер, но немаше конкретни реакции.

Борбата против Усман засега тешко ќе се добие, Пориер изгледа не е заинтересиран, па Колби реши повторно да допре до шампионот во средна категорија Израел Адесанја.

„Сигурно можам да дојдам до среднаа категорија и да се борам со Израел Адесања. Не знам дали работите ќе се решат, но во моментов не можам да го најдам вистинскиот противник. Во УФЦ сакаат да се борам со некои борци, но тука се губи оригиналноста“,  вели Колби Ковингтон и додава:

„Сите сакаат да го видат Усман на меч против Адесања, а бев двапати подобар од него. Секој кој ја гледал борбата во Медисон сквер гарден знае како ги добив последните три рунди против Усман“.

Камару двапати го победи Колби, во декември 2019 година победи со прекин во петтата рунда и во декември минатата година во Њујорк го совлада со едногласна одлука на судиите.

Ковингтон верува дека Адесања нема одговор за неговото борење.

„Не може да го запре моето борење. Ќе го кренам во воздух и ќе го фрлам на глава. Тој е обичен кардио кикбоксер. Во Соединетите Држави има различни женски курсеви за кардио кик-бокс. Можев да тргнам на тоа, но го избрав борењето“, изјави Колби Ковингтон и подвлече дека Адесања не мисли дека е добар борец.

Пред неколку дена Каел Сонен истакна дека на Израел Адесања му треба меч против Колби Ковингтон, бидејќи во последно време се бори против борци кои не забележителни во медиумите.

„Хаосот дефинитивно би бил добар противник за Изи“, изјави Сонен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО