Конор Мек Грегор и даде кураж на жена која се избори со ракот

Ѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор, се врати во родната Ирска и не пропушти да наврати во своето кафуле Блек форџ ин. 33-годишниот борец од Даблин запознал жена која успеала да го победи ракот.

„Озлогласениот“ реши да ја инспирира и ја прегрна, а фотографиите станаа хит на социјалните мрежи. Во последните месеци Конор се опоравува од тешката повреда што ја заработи минатиот јули.

Ја скрши ногата во трилогијата на Дастин Пориер, но тоа е минато. Идниот член на Куќата на славните на УФЦ планира да се врати во кафезот на крајот на летото, иако надлежните велат дек атоа ќе се случи наесен.

Не е јасно кој ќе му биде ривал, но има повеќе опции. Дана Вајт е желен за трилогија со Нејт Дијаз и голема е веројатноста да ја видиме.

Еве како Мек Грегор ја поддржа жената која ја победи подмолната болест:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО