Легендарниот Кро Кап може и денес да го направи истото што го правеше и пред 30 години (ФОТО)

Хрватската легенда на боречките вештини Мирко Филиповиќ пред три години објави крај на кариерата бидејќи здравствената состојба повеќе не му дозволува да излезе на арената.

Но, Кро Кaп продолжи да вежба секојдневно, можеби не со интензитетот што го правеше кога беше помлад, но доволно за да се одржува во одлична форма.

Тоа го покажуваат и честите објави на социјалните мрежи, каде многу помлади борци се во различни предизвици.

Мирко има 47 години, а се уште е исклучително силен и флексибилен.

Тој објави фотографии на Инстаграм на кои покажува како сè уште знае да направи шпага како што можеше да направи пред триесет години (видете ја објавата на крајот од текстот)!

„Гордоста (Прајд) никогаш не умира“, напиша Мирко Филиповиќ со својата објава.

Кро Кап помина 23 години во боречките спортови и постигна такви резултати за кои многумина можат само да сонуваат.

Важеше за еден од најдобрите борци во историјата и тешко дека некој на овие простори некогаш ќе го достигне нивото на Мирко.

Хрватската легенда ја заврши кариерата со серија од десет победи, од кои последната беше во февруари 2019 година на настанот Белатор 216 против Рој Нелсон.

Мирко Филиповиќ своите ѕвездени моменти ги достигна во 2006 година кога победи на Гран при турнирот на Прајд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО