Сонародник на Мек Грегор од УФЦ за преминот на Конор во политиката: Не би поминал добро, луѓето овде не сакаат арогантност!

Џо Дафи е еден од ретките борци кои успеал да го совлада Конор Мек Грегор. Всушност, тоа се случи во 2010 година во времето кога и двајцата се уште беа далеку од УФЦ и славниот октагон. Но, и денес, и покрај тоа што се сонародници, немаат премногу добар однос.

Дафи ја користи секоја можност да му „спушти“ меѓу редовите на се уште акутелниот шампион на УФЦ, а тоа последен пат го направи во интервјуто за ТМЗ спорт. На прашањето како Мек Грегор би се снашол во политиката, Дафи одговори оти не верува дека таа транзиција ќе биде успешна.

Имено, Ноториус во неколку наврати навести дека на крајот на боречката кариера може да се оддаде на бизнисот, но и во политиката …

„Како што стареам, сега имам 29 години, некако се повеќе и повеќе се интересирам за тоа каде одат моите пари во мојата држава. Ме интересира од каде се полни буџетот и како се троши тој. Секој ден ми е се појасно дека работите не се баш чисти по ова прашање. Гледам многу работи кои не ми се допаѓаат, а за кои верувам дека лесно може да се решат доколку за тоа има волја. Ќе видиме“, напиша претходно оваа година мега ѕвездата на УФЦ, јасно укажувајќи дека размислува за политичка кариера.

Но, Дафи не верува дека тоа ќе биде добра идеја за Мек Грегор, бидејќи – Ирците не им се допаѓаат арогантни луѓе!

„Нееее,  не верувам дека тоа е можно. Во Ирска, луѓето се многу скромни. Во градовите секако има повеќе луѓе кои се малку арогантни и малку погласни. Но, во целост гледано, се работи за нација/луѓе кои напорно работат, кои се мачат секој ден. Ароганцијата не е нешто што премногу го ценат“, смета Дафи јасно укажувајќи на тоа дека Мек Грегор ја има таа карактеристика.

Сепак, Дафи не е го чуди големата поддршка и популарноста која ја ужива Мек Грегор во Ирска. Причината е таа што Ирците се големи патриоти.

„Без оглед на се, Ирците секогаш ги поддржуваат своите луѓе, ги поддржуваат своите спортисти, а очигледно дека Конор е голем спортист. Така што секогаш ќе стојат зад него, бидејќи добро му оди“, заклучи ММА борецот.

https://www.instagram.com/p/BgDD_Pnn5Zh/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО