Следниот противник на Канело Алаврез е Риота Мурата

Јапонските медиуми објавија дека следниот противник на Канело Алварез е Риота Мурата. Двајцата се согласиле за борба на 24 мај во Саитама супер арена во Токио, Јапонија.

29-годишниот Канело е шампион на ВБА во суперсредна категорија, а 34-годишниот Мурата доаѓа како изненадување за следен противник на Мексиканецот.

Иако освои златен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, а потоа потпиша со Топ ранг, Мурата се уште е непознат за фановите во САД и во целиот свет.

Дуелот во Јапонија, исто така, ќе го оддалечи Канело од мексиканските и американските навивачи, кои можеби ќе патуваат и таму.

https://www.instagram.com/p/B78VaD5FR3V/?utm_source=ig_embed

Во кариерата Мурата забележа 16 победи и 2 порази, од кои 13 се со нокаут. Иако има многу помалку искуство во рингот од Алварез, јапонскиот боксер пет години е постар од него.

Пред да стане шампион и професионален боксер, Мурата направи име за себе со освојувањето на аматерски натпреварувања во Азија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО