Релсон Грејси е ослбоден од затвор

Легендарниот Релсон Грејси е ослободен од затвор, откако беше уапсен пред неколку дена за транспорт на канабис на автопатот што ги поврзува Рио де Жанеиро и Сао Паоло. Судот го прифати тврдењето на легендата дека носел канабис за да го користи за медицинска употреба. Веста беше потврдена од членови на семејството Грејси.

66-годишниот ветеран беше обвинет за трговија со дрога и му беше изречена казна затвор од 5 до 15 години.

„Спортист и професор Релсон Грејси беше жртва на големо недоразбирање. Живее во САД и донесе лекови базирани на канабис за терапевтски цели, сите патентирани и се лекови кои се даваат на рецепт во таа земја.

Неговото апсење за време на рутинската проверка од полициските службеници веднаш беше укинато од судскиот систем. Таквата дрога сега може да се увезува само со рецепт, според неодамнешната резолуција АНВИЗА која негира каква било веројатност за сторено кривично дело“, изјави за MMAFighting Жоао Нето, адвокатот на Релсон

АНВИЗА, бразилската регулаторна агенција за здравство, во декември донесе одлука во корист на лековите базирани на канабис. Затоа, пациентите на рецепт можат да купат производи базирани на канабис во аптеките во Бразил.

https://www.instagram.com/p/B7D-h8upsQ7/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО