Следниот меч на Конор е за 4 месеци

Следниот меч на Конор Мек Грегор ќе биде за четири месеци. Ова го објави тренерот на поранешниот шампион во лесна и перо  категорија на УФЦ, Џон Каванаг.

„Би бил изненаден ако не направи друг меч до летото“, коментира Каванаг. „Тој дотогаш се подготвува за друга средба“.

Мек Грегор направи импресивен поврат овој викенд. Го нокаутираше за само 40 секунди Доналд Цероне -Каубојот. Победата веднаш го искачи Конор до третото место на ранг-листата во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО