Славе Пашоски му помогна на Љупчо Неделковски во формирањето на Кик бокс (фул контакт) сојузот

На неодамна завршеното второ Државно првенство во кик бокс почесен гостин беше д-р Славе Пашовски, карате мајстор 8 дан, и во таа прилика претседателот на КБФМ, Дејан Митровски, му додели плакета за придонес и развој на кикбоксот во Македонија.

По малку изненадувачки, и за мене како новинар и за повеќето присутни и познавачи на боречките спортови, мајсторот на каратето Славе Пашоски да се поврзува со кикбоксот.

Но, ништо не е случајно и се си има своја историја, бидејќи и Љупчо Неделковски е поранешен каратист.

„Дамнешните 90- години и осамостујвањето на Република Македонија беше  обележано со формирање на Фул контакт сојуз со претходен ангажман на Љупчо Неделковски и на мене преку контакт со господинот Брикнер од Германија во Лондон, но и со ВАКО федерацијата, каде што заедно одевме да контактираме. Со првиот човек на ВАКО, Енио Фалсони, разговарвме за прием во оваа организација. Потоа во Шајцарија кај Енди Хуг, исто така преку карате и кик бокс инструктори направивме контакти со Украина, Белорусија, Русија, Полска“, раскажува Пашоски како се формирал тогашниот Фул контакт сојуз на Македонија, денешната Кик бокс федерација на Македонија.

Пашоски наведува дека Љупчо Неделковски со натпреварувачите направил големи успеси на меѓународните натпревари.

„Голема е упорноста на натпреварувачите и контакти за напредок, при што Дејан Митровски стана вистински шампион и инструктор. Извонреден фајтер на борилиште. Професионална работа. Секогаш е подготвен да даде се од себе. Мислам дека, иако беш помлад од нас, со Љупчо велевме Урко ни е другар. Прво тој се гордееше со нас и своиите клупски и профи колеги, а сега па ние велиме Урко ми е другар. Тоа е за пример на сите спортски сојузи. Чесност, работа, несебичност. Покоен Љупчо Неделковски бесе и е легенда. Јас му помагав со својот авторитет во меѓународните  контакти. За сегашните и поранешни шампиони ќе зборуваат нивните дела. Во одреден период Кик боксинг федерацијата беше во криза, но фаламу на Бога што сега за претседател го имаме Дејан Митровски – Урко кој секогаш има визија која ја претвора во реалност. Не сум субјективен, се ова досега е реално и ќе биде појако. Во вештините успеваат храбрите, хуманите и чесните“, вели Салве Паошски не заборавајќида ја потенцира и соработката со бившите југословенски републики,односно со д-р Емин Топиќ, Бранко Цикатиќ, Мирко Флиповиќ – Кро Кап,Борисав Пелевиќ.

И Дејан Митровски се надоврзува на сеќавањата на д-р Салве Пашоски.

 „Тие со Љупчо Неделковски го имаат донесено кик боксот во Македонија 1991 година, кога Љупцо за прв пат отвори клуб во автокоманда во Основното училисте „Стив Наумов“. Тогаш и јас почнав да тренирам кај Љупчо. Тогаш во тој клуб трениравме сите кои сега имаме отворено клубови ширум Македонија. Се почнува од тој клуб и од Љупчо Неделковски. Тогаш беа заедно со Славе Пашоски, спортски колеги, мајстори во својата област и добри пројатели. За жал, мојот тренер Неделковски, човекот кој ме воведе во спортот, не е меѓу нас живите, но неговиот дух збор и лик секогаш е присутен со мене со моите натпреварувачи и мојата сала. Тој е причината што јас се залагам да го поддржам и колку што можам даго подобрам кик боксот во Македонија, бидејќи Љупчо цело време работеше и се трудеше“, нагласува Дејан Митровски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО