Во текот на изминатите неколку недели се шпекулираше за можното враќање на Федор Емилјаненко во активна конкуренција. Таквите гласини дополнително се разгореа откако претседателот на Белатор, Скот Кокер, кој е во Јапонија, по настанот Inoki Bom-Ba -Ye зборуваше со „Последниот император“ во врска со можниот влез во кафезот на Белатор.
Но, се чини дека овие обиди, да се одврати Федор од пензионирање, беа неуспешни, бидејќи повеќе извори за порталот BloodyElbow.com потврдија дека Емилијаненко останува цврсто на својата одлука да не се натпреварува. Федор работи како амбасадор за мешани боречки вештини во Русија и има за главна цел да ММА да биде признаен како олимписки спорт. Емилијаненко во 12- годишната кариера оставри скор 34-4-1 и во 2012 година се пензионираше по победата над Педро Рицо. Очигледно, Белатор се планираше да направи пар со Брок Леснар и Боби Лашли, но се чини дека нема ништо од тоа.