Џон Џонс и Даниел Кормиер речиси се степаа, но се замеша Дана Вајт (ВИДЕО)

jones dc star

Почеток на 2015 година конечно ќе ни го донесе толку посакуваниот и очекуваниот судир меѓу Џон Џонс и Даниел Кормиер. Всушност, една од нивните битки, видовме во текот на последната конференција за медиумите, но овој пат тоа конечно ќе ги одмерат силите во Октагон.

 Актуелниот шампион вополутешка категорија на УФЦ и неговиот противкандидат во доцните вечерни часови на 1 јануари, по наше време повторно се погледнаа очи в очи во рамките на медиумските обврски пред УФЦ 182, и беше многу блиску повторно да дојде до нивна физичка пресметка пред новинарите.

 Атмосферата беше исклучително напната, Кормиер веќе почна да му се внесува на Џонс, речиси во последен момент се вмеша Дана Вајт и го испрати секој на своја страна и на тој начин, веројатно, ја спречи нивнината тепачка.

 Погледнете како изгледаше тој момент благодарејќи кратката снимка што беше објавена на инстаграм од Ариел Хелвани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО