Скот Кокер не успеа да го врбува Федор Емилијаненко!

fedor pred zgradi

Во текот на изминатите неколку недели се шпекулираше за можното враќање на Федор Емилјаненко во активна конкуренција. Таквите гласини дополнително се разгореа откако претседателот на Белатор, Скот Кокер, кој е во Јапонија, по настанот Inoki Bom-Ba -Ye зборуваше со „Последниот император“ во врска со можниот влез во кафезот на Белатор.

Scott Coker Fedor

 Но, се чини дека овие обиди, да се одврати Федор од пензионирање, беа неуспешни, бидејќи повеќе извори за порталот BloodyElbow.com потврдија дека Емилијаненко останува цврсто на својата одлука да не се натпреварува. Федор работи како амбасадор за мешани боречки вештини во Русија и има за главна цел да ММА да биде признаен како олимписки спорт. Емилијаненко во 12- годишната кариера оставри скор 34-4-1 и во 2012 година се пензионираше по победата над Педро Рицо. Очигледно, Белатор се планираше да направи пар со Брок Леснар и Боби Лашли, но се чини дека нема ништо од тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО