Скот Кјуиг го нокаутираше Кико Мартинез (ВИДЕО)

Kuig

Скот Кјуиг од Англија ја одбрани титулата на Светската боксерска асоцијација во супер перо категорија по впечаливиот технички нокаут над поранешниот носител на круната, Кико Мартинез од Шпанија. Средбата се одржа на гала вечерта во Манчестер. Предизвикувачот двапати беше во нокдаун пред да биде прекинат мечот.

Тоа беше 31 успех (23 со нокаут) за Кјуиг, кој има и две нерешени борби. Шпанскиот ветеран веќе има шест порази напроти 32 победи (24 со нокаут).

На истата гала вечер Дарлејс Перес ја одбрани титулата на Светската боксерска асоцијација во лесна категорија. Тој се бореше нерешено со Ентони Крол (Англија). Шампионот загуби два поени заради удари под појасот од англискиот судија Хауард Фостер, но и тоа не помогна на Британецот.

https://youtu.be/ImBd3ktYstA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО