Нуров петти на „Саркасијан“ во Ерменија!

nurov borba

На Меѓународниот турнир „Саркасијан“ во Ерменија новопечениот македонски репрезентативец Мохамедгаџи Нуров во категоријата до 97 килограми го освои петото место во мошне силна конкуренција.

Нуров претрпе пораз од победникот Мохамади Мохамадијан од Иран со 12-10. Потоа во репасажот го победува Русинот Евгениј Коломијц со 10-0, однонсо технички туш. Но, во малто финале е поразен со 2-0 од Американецот Вину Михалаку.

Лабазан Аскербиев (-61 кг) испадна во осминафиналето.

На турнирот требаше да учествуаат и репрезентативците Дејан Митров и Јасин Реџелари.

Наградата за првото место е 5.000 долари.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО