Симона Заборска најдобра првиот ден на Премиер лигата во Истанбул

На првиот натпреварувачки ден на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул Симона Заборска (-55 кг) од Макпетрол и Емил Павлов (-60 кг) од Штип покажа најмногу од нашите натпреварувачи кои настапија денеска. Заборска забележа четири победи (3+1 репасаж), а беше поразена од Сабина Захарова од Казахстан која со пласманот во финалето и овозможи да настапи во репасажот. Павлов победи трипати.

Првата борба во репасажот Симона ја доби, а втората, која и овозможуваше борба за медал, ја загуби од Русинката Елизавета Лазарева со 0-4. Во вкупниот пласман Заборска е седма.

И Наташа Стефановска се истакна со две победи и еден нерешен разултат, но непомина во наредното коло поради тоа што противничката прва освои поен.

По две победи забележаа Петар Заборски и Пуликсенија Јованоска. Доан Османи со пласманот во репасажот и едната победа е на 11-тото место.

„Петар Заборски во второто коло го победи светскиот и европскиот првак Габор Харспатаки од Унгарија, притоа беше неспортски повреден после „стоп“ и имаше лекарска интервенција на носот и скочниот зглоб. Неспортски и долен потег на светскиот првак, неспортски постапи и сите ги изненади со постапката што удираше по командата „стоп“, од немоќ и нервоза. Во третото коло загуби од Иранецот Сајад Хајати поради повредата која ја доби од Унгарецот“, изјави тренерот Бошко Заборски!

За Наташа Стефановска вели дека била брилијантна во првите две борби. Но поради погрешен тактички приод е елиминирана е во третата борба од Швајцарката Нина Раџеновиќ.

Македонската карате експедиција за ова коло од Карате 1 Премиер лигата во Истанбул брои 31 член, каде што ќе настапат 1262 натпреварувачи од 89 држави, односно од 293 клубови во сениорска конкуренција.

Металург настапува со 10 каратисти, Макпетрол со 7, Штип, Цветан, Димов и Олимпик спорт со 2, Кеикс, Вардар, Асиарт, Ботони, Спорт 94, Фати, Македонка и Ронин по 1.

 Резултати

60 кг – 93 натпреварувачи

Емил Павлов (Штип) – Јохан Лопез (Франција) 6-1

Емил Павлов (Штип) – Хо Ли Чун (Хонг Конг) 8-0

Емил Павлов (Штип) – Миад Јари Изулех (Иран) 5-2

Емил Павлов (Штип) – Југо Козаки (Јапонија) 0-2

67 кг -153

Димитар Илиевски (Ботони) – Валери Папруха (Беларусија) 1-1

Димитар Илиевски (Ботони) – Бурак Ујгур (Турција) 0-1

 Ненад Ќелебиќ (Цветан Димов) – Мирза-Бек Тебуев (Русија) 0-2

Давид Петков (Металург) – Исмаил Арапоглу (Турција) 2-1

Давид Петков (Металург) – Денис Копитко (Украина) 0-1

Мартин Стојменов (Олимпик спорт) – Џанлука де Виво (Италија) 2-5

Константин Василевски (Спорт 94) – Александар Хахула (Украина) 2-0

Константин Василевски (Спорт 94) – Лука Мареска (Италија) 0-1

75 кг – 151

Азиз Исмаил (Металург) – Тајфун Јилдиз (Турција) 1-3

Петар Заборски (Макпетрол) – Фуркан Огуз (Турција) 2-0

Петар Заборски (Макпетрол) – Габор Харспатаки (Унгарија) 8-0

Петар Заборски (Макпетрол) – Сајад Хајати (Иран) 0-8

Енес Смаилагиќ (Цветан Димов) – Рајан Џеј (Англија) 0-0

Доан Османи (Фати) – Бахман Асгари (Иран) 2-8

репасаж

Доан Османи (Фати) – Иван Колупаев (Русија) 0-0

Доан Османи (Фати) – Фарал Алнашари (С.Арабија) 0-1

Ферат Корбуличи (Металург) – Максимилијан Бауер (Германија) 6-3

Ферат Корбуличи (Металург) – Хади Сафи (Иран) 1-2

Стефан Костиќ (Металург) – Родион Ончуленко (Унгарија) 2-1

Стефан Костиќ (Металург) – Јута Мори (Јапонија) 0-2

55 кг – 92

Симона Заборска (Макпетрол) – Ајбуеке нур Пунар (Турција) 5-0

Симона Заборска (Макпетрол) – Александра Папа (Грција) 3-1

Симона Заборска (Макпетрол) – Наталија Лорена (Романија) 4-0

Симона Заборска (Макпетрол) – Сабина Захарова (Казахстан) 0-5

репасаж

Симона Заборска (Макпетрол) – Ива Клепиќ (БиХ)  2-0

Симона Заборска (Макпетрол) – Елизавета Лазарева (Русија) 0-4

Моника Пендароска (Макпетрол) – Фумика Ишиаи (Јапонија) 0-6

Сара Крстевска (Металург) – Асел Серикова (Казахстан) 0-6

Јована Георгиева (Олимпик спорт) – Зулхумор Трансалиева (Узбекситан) 0-2

61 кг – 98

Наташа Стефановска (Макпетрол) – Маријам Еласвад (Австрија) 4-0

Наташа Стефановска (Макпетрол) – Гута Алина-Михаела (Романија) 3-0

Наташа Стефановска (Макпетрол) – Нина Раџеновиќ (Швајцарија) 1-1

(победа на Раџеновиќ поради прв освоен поен)

Вероника Костовска (Кеикс) – Кладуија Ионита (Романија) 0-2

Кати

Ферри Исиќ (Вардар) – Сахад Еслами (Иран) 0-5 – 125 натпреварувачи

Пуликсенија Јованоска (Ронин) – Газалех Мовагхарнија (Иран) 0-5 -111

Пуликсенија Јованоска (Ронин) – Керол де ла Паз (Чиле) 3-2

Пуликсенија Јованоска (Ронин) – Гизем Сахин (Турција) 1-4`

Ipon.mk/В.Д. 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО