Сигаловиќ? Стивен Сигал доби српско државјанство

Sigal portret

Неодамна холивудскиот актер и мајстор на боречките вештини претстојуваше во Србија, а за Нова година настапи пред Собранието.

„Се прима во државјанство на Република Србија, Сигал Стивен Фредерик, роден 10 април 1952 година во државата Мичиген (Lansing, Ingham), државјанин на САД”, пишува во Службениот гласник на Србија.

Указот за државјанството го потпишал премиерот Александар Вучиќ.

Сигал неодамна два пати претстојуваше во Србија, каде што се сретна со најтесното раководство на Србија, го посети Прифатилиште за деца во Белград и настапи со својот бенд на новогодишната ноќ 2016 година во Белград.

Сигал неодамна изјави дека Србија трпела ужасна неправда во поновата историја, а дека во САД се уште постојат предрасуди за Србите и погрешни уверувања за настаните во текот на 90-тите години на минатиот век.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО