Штабот на Усик очекува борба со Тајсон Фјури на крајот на годината

Менаџерот на украинскиот боксер Aлександaр Усик, Егис Климас, изјави дека борбата на неговиот клиент за обединување на титулата во тешка категорија со Британецот Тајсон Фјури може да се одржи на крајот на оваа година или на почетокот на следната година.

„Усик мора да го победи Фјури. Само треба да победи против него. Исто како што направи со Ентони Џошуа.

Имаме намера да се бориме со Тајсон Фјури на крајот на оваа или почетокот на следната година.

Ќе биде во една од земјите на Блискиот Исток“, изјави Климас на јутјуб каналот ЕСЊус.

Исто така, ЕСПН неодамна објави дека борбата помеѓу Фјури и Усик треба да се случи во февруари 2023 година.

Александар Усик го победи Ентони Џошуа со поделена одлука во последната борба за одбрана на титулите во тешка категорија на ВБА Супер, ВБО, ИБО и ИБФ. Тајсон Фјури е светски шампион на ВБЦ и исто како и Усик е непоразен во боксот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО