Шон Стрикленд го победи Насурдин Имавов во Лас Вегас (ВИДЕО)

Шон Стрикленд им се врати на победничките патеки во кафезот на УФЦ.

Искусниот ММА ветеран од САД се соочи со Насурдин Имавов во главната борба на настанот УФЦ Вегас 67 кој се одржа во Лас Вегас. Шон ја прифати борбата за краток рок и таа се одржа во полутешка категорија.

Во првата половина од првата рунда Имавов изгледаше подобро во својот став. Сепак, тоа се промени, бидејќи Стрикленд постојано притискаше и ја наоѓаше целта. Шон продолжи да притиска и да постигнува удари, така што чисо ја доби рундата.

Во втората рунда Стрикленд продолжува да демне, а Имавов не е многу активен. Краток клинч каде што Шон задава удари. Во оваа рунда Стрикленд имаше соборување со кое не постигна ништо. Двајцата си разменија неколку удари. Клинч на крајот од рундата од Стрикленд, кој очигледно имаше предност.

Во третата рунда двајцата задаваа крошеа. Повлекување од Имавов, по што следеше удар во телото на Стрикленд. Шон зададе удар, а Имавов 30 секунди е пасивен. Се обиде да го ослободи, но немаше шанса. До крајот на рундата, Шон притискаше и зададе повеќе удари.

Во последните две рунди Шон беше подобар за еден поен. Имавов едноставно не можеше да му отежне. Насурдин не покажа желба да ја добие оваа битка. На крајот од мечот Шон имаше повеќе зададени удари, како и над 4 минути контрола во клинчот.

Борбата отиде до одлука во корист на Стрикленд – (49–46, 49–46, 48–47). Со оваа победа Шон ја прекинува серијата од 2 порази по ред. Имавов, пак, се раздели со двете победи во низа.

Во интервјуто по борбата Стрикленд рече дека се борел како кучка. Тој им се извини на навивачите и вети уште поатрактивни натпревари во иднина.

Резултати – УФЦ Вегас 67:

Главна карта
Шон Стрикленд – Насурдин Имавов со одлука (49–46, 49–46, 48–47)
Ден Ига – Дејмон Џексон со КО Р2, 4:13
Роман Копилов – Пунахела Соријано со ТКО Р2, 3:19
Ракел Пенингтон – Катлен Виеира со одлука (29-28, 29-28, 28-29)
Умар Нурмагомедов – Раони Барселос со КО Р1 4:40

Прелиминарни
Џавид Башарат – Матеус Мендонка со одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Абдул Разак Алхасан – Клаудио Рибеиро со КО Р2, 0:28
Матеуш Ребеки – Ник Фиоре со одлука (30-26, 30-27, 30-27)
Алан Насименто – Карлос Хернандез со завршница Р1, 3:16
Даниел Аргуета – Ник Агире со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Чарлс Џонсон – Џими Флик со ТКО Р1, 4:33

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО