Умар Нурмагомедов со ефектен нокаут над Раони Барселос (ВИДЕО)

Умар Нурмагомедов ја заработи првата победа со нокаут во УФЦ. Внукот на Хабиб Нурмагомедов ja направи една од најважните битки. Омар го подели кафезот со познат и искусен борец, Раона Барселос.

Тие се бореа во бантам категорија на настанот УФЦ Вегас 67 во Лас Вегас. Умар за прв пат не можеше да смета на Хабиб, кој не беше во неговиот агол. Сепак, тоа не се одрази на младиот човек.

Во првите секунди двајцата започнаа со испитување. Умар постојано фрлаше удари и не се обидуваше да го собори Барселос. Умар се покажа како попрецизен и поефикасен во стоечка позиција, иако Барселос се обиде да ја преземе иницијативата.

На лицето на Бразилецот се појавија првите исечени рани, а на 20 секунди пред паузата ненадејно падна во тежок нокаут! Нурмагомедов промаши со колено, но веднаш потоа зададе лево кроше во брадата, што се покажа како доволно за да извојува победа.

Со оваа победа Умар има скор од 16-0 во ММА. Тој е првиот борец кој го нокаутира Барселос. Нурмагомедов ќе влезе во топ 10 од категориите и ако продолжи вака, тогаш во 2024 година ќе го видиме како се бори за појасот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Parry Punch (@parrypunch)

Резултати – УФЦ Вегас 67:

Главна карта
Шон Стрикленд – Насурдин Имавов со одлука (49–46, 49–46, 48–47)
Ден Ига – Дејмон Џексон со КО Р2, 4:13
Роман Копилов – Пунахела Соријано со ТКО Р2, 3:19
Ракел Пенингтон – Катлен Виеира со одлука (29-28, 29-28, 28-29)
Умар Нурмагомедов – Раони Барселос со КО Р1 4:40

Прелиминарни
Џавид Башарат – Матеус Мендонка со одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Абдул Разак Алхасан – Клаудио Рибеиро со КО Р2, 0:28
Матеуш Ребеки – Ник Фиоре со одлука (30-26, 30-27, 30-27)
Алан Насименто – Карлос Хернандез со завршница Р1, 3:16
Даниел Аргуета – Ник Агире со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Чарлс Џонсон – Џими Флик со ТКО Р1, 4:33

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО