Џон Џонс доби противник за тешкашкото деби, Нгану го напушта УФЦ

Ќе поминат речиси три години откако Џон Џонс последен пат се бореше во УФЦ.

Еден од најдобрите ММА борци во историјата го имаше својот последен натпревар на 8 февруари 2020 година, кога го победи Доминик Рејес и по 11-ти пат го одбрани шампионскиот појас во полутешка категорија.

После тоа Боунс реши да се пресели во тешка категорија и со нетрпение го очекуваме неговото деби. Но, на тоа сега му дојде крајот.

Долго време се зборуваше дека Џонс ќе дебитира против шампионот Френсис Нгану, а своевремено актуелна беше и борбата со Стипе Миочиќ за привремениот појас.

Но, рекламите што блеснаа во Т-Мобиле арената во Лас Вегас откриваат дека на 4 март настанот на УФЦ 285 главниот со меч ќе биде меѓу Џон Џонс и Сирил Гане.

Јасно беше дека Џонс конечно го договорил мечот, а тоа набрзо го потврди и еден од најупатените ММА новинари, Ариел Хелвани, кој откри дека Џонс требало да дебитира на 10 декември, но УФЦ ја чекал одлуката на Френсис.

Преговорите со Нгану не поминале најдобро, а според Хелвани отпаднал и Миочиќ, а шансата ја добил Гане.

Според претседателот на УФЦ, Дана Вајт, мечот помеѓу Џон Џонс и Сирил Гане ќе биде за титулата во тешка категорија.

„Ќе го отпуштиме Френсис Нгану. Се откажуваме од правото на него и тој може да оди каде сака“, изјави Дана Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО