Три победи за Костовска, две за Заборска на Карате 1 Серија А, Трајковски утре се бори за бронза

Вероника Костовска беше многу близу до борбата за бронзен медал на Карате 1 Серија А во Атина, Грција, но во борбата во репасажот, која ќе и овозможеше меч за бронза, загуби од Украинката Викторија Вашчишин 2-10.

Претходно Костовска извојува три победи против каратистки од Ирска, Турција и Мексико, а загуби противничка од Јапонија за влез во полуфиналето. Вероника се пласира на седмото место.

И Симона Заборска остави добар впечаток, но, за жал, не доби шанса во репасаж, бидејќи Наталија Мандажи (Украина) не се пласира во финалето, а која славеше против нашата каратистка 3-8.

Заборска ги победи Мартинез Рут Тренадо и Атена Кокиниду.

Јована Георгиева забележа една победа против Марата Кортес од Шпанија, за беше совладана Панагијота Кулуриду од Грција.

Да потсетиме дека каратистот на Макпетрол, Витомир Трајковски, обезбеди меч за бронзен медал против Црногорецот Никола Маловиќ, што на програмата е утре.

Витомир имаше убава шанса да влезе во финалето, но загуби минимално од Гркот Константинос Мастрогијанис 0-1.

Трајковски прикажа одлична форма на почетокот на годината што е добар показател пред Европското првенство.

Вчера и Ангела Мојсовска забележа три победи, а за влез во полуфиналето загуби од Украинката Лолита Костриција со 2-10, која, пак, во полуфиналето загуби на прв освоен поен против Хрватката Миа Грета Зорко (1-1), па така не и овозможи репасаж на Мојсовска.

На Карате 1 Серија А во Атина настапуваат 1116 натпреварувачи од 75 држави

Резултати Карате 1 Серија А – Атина:

-60 кг
Усаме Бахтијари – Мадс Кристенсен (Данска) 2-3

-75 кг
Петар Заборски – Витори Рикарди (Италија) 3-3
Давид Петков – Самир Ибрахимов (Азербјеџан) 0-0
Давид Петков – Салим Тафик (Швајцарија) 3-0
Давид Петков – Ѓорге Салапура (Србија) 0-3

-84 кг
Витомир Трајковски – Костас Константину (Кипар) 2-2
Витомир Трајковски – Рикардо Бресанело (Италија) 1-0
Витомир Трајковски – Џими Хаг (Шведска) 1-0
Витомир Трајковски – Хасан Арслан (Турција) 3-1
Витомир Трајковски – Џо Келавеј (Англија) 3-0
Полуфинале
Витомир Трајковски – Константинос Мастрогијанис (Грција) 0-1
За бронза
Витомир Трајковски – Никола Маловиќ (Црна Гора)

Петар Спасеновски – Максим Бугајов (Украина) 0-3

+84 кг
Стефан Стојановиќ – Блодин Пакаштица (Албанија) 0-4
Глигор Петков – Анес Бостанџиќ (БиХ) 0-8
Репасаж
Глигор Петков – Нуно Морерира (Португалија) 0-8

-55 кг
Јована Георгиева – Марата Кортес (Шпанија) 5-1
Јована Георгиева – Панагијота Кулуриду (Грција) 1-4

Марија Петровска – Резан Им Зумра (Турција) 0-4

Симона Заборска – Мартинез Рут Тренадо (Шпанија) 4-1
Симона Заборска – Атена Кокиниду (Кипар) 2-0
Симона Заборска – Наталија Мандажи (Украина) 3-8

Рудина Алиу – Анита Пацаглија (Италија) 0-2

-61 кг
Вероника Костовска – Ајла О’Саливен (Ирска) 5-0
Вероника Костовска – Џагла Есер (Турција) 2-0
Вероника Костовска – Џунаши Кабалеро (Мексико) 5-3
Вероника Костовска – Сарара Шимада (Јапонија) 4-7
Репасаж
Вероника Костовска – Викторија Вашчишин (Украина) 2-10

Викторија Јовановска – Хана Дебељак (Словенија) 0-0

-68 кг
Ангела Мојсовска – Ханах Ридел (Германија) 3-2
Ангела Мојсовска – Марина Радичевиќ (Србија) 1-0
Ангела Мојсовска – Леа Вукоја (Хрватска) 1-0
Ангела Мојсовска – Лолита Костриција (Украина) 2-10

+68 кг
Бојана Манева – Рочеле Валтерс (Англија) 0-7

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО