Шон Стрикленд: Дана Вајт е бизнисмен, а ние добиток!

Американскиот борец во средна категорија на УФЦ, Шон Стрикленд ја коментираше изјавата на неговиот сонародник Џош Томпсон.

Томпсон неодамна го обвини претседателот на лигата Дана Вајт за несоодветен третман на борците. Џош изјави дека Вајт никогаш не се грижи за ништо. Коментарите на Џош дојдоа откако УФЦ објави борба за титулата во полутешка категорија меѓу Гловер Тешеира и Џамал ​​Хил.

Неколку минути по пресметката на Јан Блахович и Магомед Анкалаев Дана веќе ја најави новата борба за појасот. Вајт не беше заинтересиран за Анкалаев и Блахович кои 25 минути се бореа за титулата, но нивниот натпревар беше прогласен за нерешен.

Зошто Вајт треба да се грижи кога тој е газда, а борците се добиток? Тоа сака да го знае Стрикленд, кој на социјалните мрежи го напиша следново:

„Ние сме проститутки и нема ништо лошо во тоа. Престанете да се однесувате како да сме повеќе од тоа.

Дана Вајт е бизнисмен, а ние сме говеда. Така функционира светот“, напиша Стрикленд на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО