Џошуа шокира: Сега сум старец, мојата кариера е при крај

Британскиот боксер, поранешен светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа призна дека неговата професионална кариера е веќе блиску до крајот.

„Сега сум старец, каде отиде тоа време? Изгубен сум. Чувствувам дека мојата кариера веќе не е на почетокот, ниту на средината, туку кон нејзиниот крај. Времето помина многу брзо, па сега морам да бидам целосно сигурен во себе и дека ќе дадам се од себе последните години од кариерата да ми бидат важни. Имам уште многу не освоени врвови“, изјави Џошуа во интервју за GiveMeSport.

Ентони Џошуа ја водеше својата последна борба во август против Александар Усик и беше поразен со поделена одлука.

Вкупно британскиот боксер има 24 победи во професионалната кариера, од кои 22 со нокаут и три порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО