Хабиб: Сергеј Павлович може да го победи Френсис Нгану

Хабиб Нурмагомедов зборуваше за можната борба меѓу тешкашите Сергеј Павлович и Френсис Нгану.

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија верува дека Павлович може да стане шампион на УФЦ во тешка категорија. Сергеј има само 30 години и не престанува да импресионира. Тој е во серија од 5 последователни победи со нокаут. Сергеј последен пат го нокаутира Таи Туиваса за 54 секунди на почетокот на месецот.

Павлович за неполни 2 минути успеа да ги совлада Дерик Луис и Туиваса. Сергеј има 17 победи во ММА, од кои 14 се со нокаут. Хабиб смета дека Павлович се издвојува од Нгану бидејќи има добро грчко-римско борење.

„Можеби Сергеј Павлович ќе стане шампион. Да, Френсис Нгану има многу силен удар, но Павлович не е полош. Она што го издвојува Павлович од Нгану е доброто грчко-римско борење.

Мислам дека ако го држите Нгану рунда ипол или две, тогаш тој стил може да му помогне на Павлович да победи“, изјави Хабиб во интервју за Јутјуб каналот на Ред корнер.

На 5-годишна возраст Павлович започна да се занимава со грчко-римско борење под водство на тренерот Александар Федорович Алојан. Со борење се занимавал до 11-то одделение. Откако го служил воениот рок, се вклучил во војничка борба и борбено самбо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО