Шон О’Мели: На различно ниво сум од Марлон Вера

Шон О’Мели може да го загуби непоразениот статус во ММА, но тоа не ја спречува неговата самодоверба. 26-годишниот борец ја започна 2020 година и забележа две последователни победи со нокаут во првата рунда. „Шугар“ освои 100.000 долари во бонуси и организацијата реши да го подигне нивото на своите противници и му дадоа борба со Марлон Вера.

Во нивната битка, О’Мели се здоби со повреда на ногата што не можеше да ја сокрие, а Вера како ајкула го нападна Шон со тежок граунд и паунд. Ова го принуди судијата да ја прекине борбата неколку секунди пред крајот на првата рунда.

Со овој пораз, младата ѕвезда се раздели со серија од 12 последователни победи, но не го признава поразот. Неколку недели по поразот, О’Мели објави дека е се уште непоразен, а неодамна изјави дека не сака реванш со Вера затоа што е подобар од него.

„Вера ќе мора да влезе во серија победи за да има реванш меѓу нас. Мора да има значење во таков реванш. Се чувствувам како да сум само различно ниво на борец.

Таквата битка би била чекор назад за мене. Вера рече дека нема доволно пари на овој свет за да го натера да се реваншира. Уште еден пораз за него и тој ќе оди во воведните борби“, рече О’Мели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО