ММА шампион: Жените се виновни за 90 отсто од разводите

Рускиот ММА борец Александар Шлеменко реши да зборува за семејството и разводот. 36-годишниот поранешен шампион во Белатор смета дека жените треба да ги почитуваат своите мажи и да не го креваат гласот.

„Сибирскиот напаѓач“ е еден од најдобрите ММА борци во Русија и има скор 59-13-1 во ММА. Тој има 43 победи со завршница, а само 6 пати беше приниден да се предаде.

Шлеменко последен пат го задуши Дејвид Бранч на крајот на минатата година. Тој се надева на шанса во УФЦ, а победи во 3 од последните 4 борби. Во едно од неговите последни појавувања за медиумите искусниот борец за семејството и разводите изјави:

„Верувам дека за 90 проценти од разводите се виновни жените. Некои, поради својата слабост се обидуваат да се етаблираат на сметка на други луѓе.

Жената мора да им покаже на децата дека не може да ја отвори устата против главата на семејството. Во овој случај, ќе има ред во семејството.

Таквите жени секогаш се почитуваат и мажите се подготвени да го дадат својот живот за нив. Жените треба да можат да издржат, да се жртвуваат и да им помагаат на растоварувањето на сопругот. Жената е токму личноста со која нејзиниот сопруг може да ја покаже својата слабост“.

https://www.youtube.com/watch?v=9n0KJ-Z97IE&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО