Шок и неверување: Англиски боксер почина од последици на мечот два дена по победата

Шок и неверување во светот на боксот по веста дека Скот Вестгарт починал во болница по мечот против Дек Спелман во саботата навечер во Донкастер, Англија. 

Вестгарт го доби мечот на поени по 10 исцрпувачки рунди. Тој дури даде и интервју по борбата, но му се слошило во соблекувалната по што веднаш бил пренесен во болница. Информациите дека тој починал ги потврди неговиот менаџер, но засега не се открива кои се причините од кои починал 31-годишниот боксер.

Приказната е потрагична бидејќи Вестгарт многу доцна почнал да боксира (со 24 години), во мечот против Спелман поприлично беше доста „аутсајдер“, но ова му беше најдобариот настап во целата негова кариера. До сега забележа шест победи, два порази и еден неодлучен меч, а победа против Спелман требаше да биде отскочна штица за продолжување. Токму таа го донесе до позицијата кандидати за напад на титулата шампион на Англија во полутешка категорија. Претходно работел како готвач, но се одлучил за промена на кариерата и се посветува на она што најмногу го сака. А тоа беше боксот!

Промоторо на настанот Стефи Бул е во шок, како и целата боречка јавност.

„Господи благослови го Скот Вестгарт. Да промовираш настан на кој ќе почине млад човек кој го правеше она што го сакаше … Немам зборови да го искажам тоа како се чувствувам. Почивај во мир пријателе, со мислите сум со твоето семејство. Ова се најтешките денови во мојот живот. Не знам што да правам, за да продолжам“, напиша Бул на социјалните мрежи.

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, познатиот Френк Бруно исто така изрази сочувство до семејството на Вестгарт, а одлучи да сподели кампања за собирање на средства за помош на семејството на починатиот боксер на страницата GoFundMe“.

Реакциите за овој трагичен настан се уште престигнуваат …

https://twitter.com/lorna_mckenna/status/967536163971129345

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО