АктуелноМеѓународна сценаММА

Шлаканица за Дана Вајт: Холивудските ѕвезди му свртеа грб на УФЦ во Белата куќа

Амбициозниот проект УФЦ Фридом 250 продолжува да биде една од најдискутираните теми во боречките спортови, но се чини дека не се сите импресионирани од идејата за историската гала вечер на теренот на Белата куќа.

Според информациите од Ванити фер, пренесени од бројни американски медиуми, неколку познати личности ги одбиле поканите на Дана Вајт за настанот УФЦ Фридом 250, кој ќе се одржи на 14 јуни во Вашингтон.

Меѓу имињата кои нема да присуствуваат се Двејн Џонсон – Рок (Карпата), Адам Сандлер, Џаред Лето и Марио Лопез. Претставници на некои од ѕвездите веќе го потврдија нивното отсуство, а извор близок до Џонсон изјави дека актерот нема да биде меѓу гостите.

Вајт претходно откри дека лично поканил голем број познати личности, вклучувајќи ги Том Брејди, Џејсон Стетам, Гај Ричи, Џаред Лето, Адам Сандлер, Двејн Џонсон и Марио Лопез. Настанот е организиран како дел од прославите за 250-годишнината од Соединетите Американски Држави и се совпаѓа со роденденот на претседателот Доналд Трамп.

Токму политичкиот контекст околу галата е наведен од голем број аналитичари како една од можните причини зошто некои познати личности претпочитаат да се држат настрана. И покрај одбивањата, УФЦ Фридом 250 останува еден од најголемите настани во историјата на организацијата.

УФЦ инвестираше десетици милиони долари во продукцијата, а специјално изградената конструкција „Канџата“ ќе доминира на јужниот тревник на Белата куќа за време на галата. Сè уште не е познато која од другите поканети познати личности ќе присуствува, но отсуството на неколку од најпрепознатливите имиња во Холивуд е несомнено неочекуван удар врз имиџот на настанот.

Сепак, интересот за УФЦ Фридом 250 останува огромен, а организаторите очекуваат историската вечер да привлече милиони гледачи низ целиот свет.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON