Шест фатални секунди за Николоска против Хусеинова!

Nikoloska vo baku

Џудистката Катерина Николоска (- 63 кг) не ја изненади домашната натпреварувачка, Ханим Хусеинова (22 години), на џудо турнирот на Европските игри во Баку.

Хусеинова против Нинолоска ја забележа четвртата победа во 2015 година од шест борби, а нашата репрезентативка  шестиот пораз. Азербејџанката освои еден ипон и два јукоа, а Николоска еден јуко.

Nikoloska vo baku 2Во Македонскиот олимписки комитет, изразено преку фејсбук страницата, изразуваат задоволство од нејзиниот настап.

„Катерина Николоска иако имаше победа до пред самиот крај на мечот против Хусеинова (Азербејџан), на 6 секунди до крајот, по една акција на домашниот натпреварувач, ја загуби борбата. Катерина имаше водство од 1:0, Хусеинова изедначи на 1:1, но и со овој резултат Катерина ја имаше победата. Добар настап на Катерина Николоска и навистина голема штета за пропуштената шанса за прва победа на првите Европски игри, кои во исто време се водат и како Европско првенство во џудо. Претстои период на уште понапорна работа на Катерина Николоска. Нејзината напорна работа мора наскоро да донесе резултат“.

Николоска беше последната спортистка од боречките спортови која настапи на Игрите.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО