Де ла Хоја: Го сакам победникот од Мејведер-Головкин! (ВИДЕО)

Де ла хоја остар

Легендата на американскиот бокс, Оскар де ла Хоја, „златното момче“ стана многу активно последниве недели, откако го упати предизвикот до Флојд Мејведер.

Олимпискиот шампион од Барселона ги има освоено светските титули во пет различни категории. Хоја (42) се повлече во 2008 година, откако беше поразен од Мани Пакијао.

„Подготвен сум да се вратам и да се борам со победникот од средбата помеѓу Флојд Мејведер и Генади Головкин“, изјави де ла Хоја.

Златното момче е последниот боксер кој беше блиску до победа над Мејведер. Тој го загуби нивниот прв натпревар со 1:2 на судиите.

https://youtu.be/dcn6mMiI9mQ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО