Шарло ја одбрани титулата на ВБЦ во средна категоирја против Ирецот кој загуби со контроврезна одлука од Мунгуија (ВИДЕО)

Жермал Шарло (30-0, 22 КО) изминатиот викенд во Њујорк по втор пат ја одбрани светската титула во средна категорија на ВБЦ.

Во оваа категорија ВБЦ има шампион на франшизата Канело Алварез.

29-годишниот боксер од Луизијана во седмата рунда во Беркли центарот го запре добриот Ирец Денис Хоган (28-3-1, 7 КО) и му го нанесе првиот пораз со прекин.

На претходниот меч во април во Мексико Хоган се бореше против Џеим Мунгуија за титулата во супервелер на ВБО и загуби со контроверзна мозинска одлука на судиите.

Шарло не дозволи изненадувања и го собори Ирецот, прв пат со кратко лево кроше во четвртата рунда. Работата ја заврши со уште едно лево кроше на почетокот на седмата рунда.

Целата борба може да ја гледате во второто видео од 1:40:00.

https://www.youtube.com/watch?v=DnktP69FK00&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО