Крис Јубенк победи во американското деби и ја овои привремената титула на ВБА (ВИДЕО)

Крис Јубенк Јуниор (29-2, 22 КО) победи во американското деби и ја освои привремената титула во средна категорија на ВБА.

Сепак, до победата веројатно не сакаше да дојде на ваков начин.

30-годишниот Британец уште еднаш се спушти во категоријата до 72,6 килограми и во воведниот дел на настанот Шарло – Хоган боксираше против Мет Коробов (28-3-1, 14 КО).

36-годишниот Русин кој живее во Америка добро го отвори мечот, но во втората рунда го повреди рамото и не можеше да продолжи. На видеото не може да се види што ја предизвикало повредата. Коробов упати удар, потоа се фати за рамото и се сврате од Јубенк. Борбата почнува на 1:09:00.

ВБА во оваа категорија веќе има двајца шампиони – „супер“ првакот Сол Алварез и „регуларниот“ Рјот Мурат.

https://www.youtube.com/watch?v=DnktP69FK00&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО