Шампионот на КСВ во тешка категорија сака дуел со Емилијаненко

Karol Bedorf

Во саботата попладне, Карол Бедорф влезе во кафезот на KSW и ја одбрани титулата со победа со нокаут во втората рунда против Мичел Кита.
Оваа му беше трета победа со нокаут на Бедорф. Тоа му е и третата успешна одбрана на титулата. Сето тоа се одрази и врз самодовербата на Бедорф кој во интервју истакна дека сега сака да се бори против руската легенда во тешка категорија, Федор Емилијаненко.
„Не сум сигурен дали постои некаква можност, но јас би сакал да застанам на рингот против еден човек. Се разбира, тоа е Федор. Тоа ми е нешто како манија или нешто слично. Знам дека на некое ниво нашата организација KSW одржува односи со јапонската организација Rizin со која Федорr потпиша договор. Значи, отворен сум за предлози за овој меч од нашиот сопственик“.
Ако Бедорф не добие во скоро време предлог за мечот со Федор, тој е подготвен и на преговори за потенцијален дуел против Мариуш Пуџиановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО