Кличко: Левата рака не погодуваше во целта

Klicko so statistika

Владимир Кличко почна да прави анализи за поразот од Тајсон Фјури во мечот за светската титула во тешка категорија. Украинецот беше поразен на поени во 12 рунди на галавечерта во Дизелдорф.

„Требаше да зададам повеќе прецизни удари, така не ја најдов вистинската дистанца, за да успеам да пласирам погодоци“, – ја  кажа почетна самокритика Владимир Кличко. „Проблемот доаѓаше оттаму што левиот директ не работеше. Фјури се движеше со нозете, главата и телото. Сакав тоа да го постигнам и со десниот, но откако не можев да го подгодам со левиот директ во напад и десниот не неодеше“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО