62 годишен дедо освои бронзен медал на националните игри во борење во Велика Британија

Toni kOlins

Тони Колинсе 62 годишен дедо од Ливерпул, кој направи вистински бура за време на националните игри на Велика Британија и го освои бронзениот медал од турнирот.
Кога прв пат стапнал на душекот на 25 години, Тони Колинс, веднаш бил туширан, но тој пораз го мотивира во наредните 32 години во целост да се оддаде во еден од најстарите боречки спортови во светот – борењето.
Повеќето борачи врвот на својата кариера гопостигнуваат во 20-те години, но не и Колинс, кој на завидна возраст од 62 години тренира по два пати на ден. А оваа година беше вистинска фурија и го освои бронзениот медал на националните игри.
Еве што изјави радосниот дедо на крајот на турнирот:
„Дојдов да се борам на овој настан, бидејќи беше најавено дека ќе биде за ветерани. Очекував дека повеќето борачи ќе бидат на мои години. Но, кога се пријавив, организаторите ми рекоа дека нема ниту еден учесник блиску до моите години“.
Иако беше тотален аутсајдер, Колинс го постигнува незамисливото и освои медал на турнирот.
„Кога бев млад, повеќето мои врсници пиеја, пушеа или се дрогираа. Се заколнав дека тоа никогаш нема да ми се случи ене – ќе продолжам да тренирам и да се грижам за своето здравје. Никогаш не знаеш за што си способен, додека не го постигнеш. Сите ние може да постигнеме многу повеќе во салата и во животот. Треба да тренираш, да тренираш и да тренираш. Никогаш да не се откажуваш од своите цели“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО