Шабан Трстена на насловната страница на Јапонската боречка федерација

Јапонската боречка федерација на својата веб-страница ја постваила сликата на олмпискиот шамион Шабан Трстена кој во 1984 година во Лос Анџелес го освои златниот медал во борење слободен стил.

По укажната чест Трсетна на Фејсбук напиша:

„На почетокот на мај Светската боречка федерација објави листа на најмлади олимписки шампиони во борењете (слободен стил), каде што јас сум на првото место. Кога станав олимписки шампион во Лос Анџелес 1984 година имав 19 години, 7 месеци и 9 дена.

Денес се изненадив кога добив една фотографија од официјалната страница на Јапонската боречка федерација на која ја ставиле мојата слика на насловната страница. Замислете, една Јапонија да зборува за вас. Морам да кажам дека сум пријатно изненаден, една таква велесила која дала толку многу шампиони во повеќе спортови, се уште не ги заборава врвните резултати од пред 36 години.
За мене е голема чест што Јапонската боречка федерација ја ставиле мојата слика на насловната страна, затоа што ова не е само за мене, туку и гордост за мојата татковина Македонија. Од ова се гледа дека кога имате резултати, има кој да пишува и ги цени големите спортски успеси. Јапонска нација е домаќинот на Олимпијадата во Токио. Тие знаат да ги почитуваат вредностите и потсетија на мојот спортски подвиг, како најмлад олимписки шампион. Нека биде мотив за сите спортисти во Македонија и нека знаат дека не постојат големи и мали земји и големи и мали спортови, туку големи и мали резултати“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО