Мајк Тајсон наполни 54 години, боречката заедница го затрупа со честитки

На 30 јуни 1966 година е роден еден од најголемите и најпопуларните боксери во историјата, Мајк Тајсон.

Додека се подготвува за враќање во рингот и додека фрчат понудите за настап од сите страни, Мајк Тајсон го прослави 54 роденден. По турбулентната кариера и уште потурбулентниот приватен живот, Мајк последните години си го среди животот, а исто така стана и рдао видена личност во кругот на боречките вештини. Исто така, познати личности од светот на боречките вештини се чести гости на неговиот ранч, а на многумина од нив им е укажана голема чест и можност да тренираат со него.

Неговата популарност дополнително се потврдува со бројот на честитки што ги доби вчера преку социјалните медиуми. Ние ќе му го честитаме роденденот на начинот на кој најдобро ни одговара, со објавување на горенаведените пораки.

Мајк, среќен на 54-ти и се надеваме дека ќе се видиме повторно во рингот наскоро на таков начин како што самиот го најави!

https://www.instagram.com/p/CCC9sF6AIDp/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CCEAd8FAswn/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CCCylE_hCp7/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CCD1QBehAx9/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CCC1s5bj2IT/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CCCxZ6OJtDf/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО