Мухамед Али е спортист на сите времиња според „Сан“

Британскиот „Сан“ објави список со десет најголеми спортисти на сите времиња. Според реномираниот британски таблоид, во првите десет спортисти не спаѓаат Новак Ѓоковиќ, Кристијано Роналдо, Флојд Мејведер и Мајкл Фелпс, што е малку зачудувачки.

На број еден е Мохамед Али, легендарен американски боксер кој беше трикратен шампион во тешка категорија и боксер кој го одбележа 20 век. Тој ќе биде запаметен и за борбата за човекови права и за одбивањето да оди во војна против Виетнам.

На второ место е Австралиецот Дон Бредман, инаку играч на крикет, кој не е премногу популарен. Поради него, Англичаните ги сменија правилата во крикет, а покрај тоа, Австралиецот беше незапирлив.

Трет на списокот е легендарниот бразилски фудбалер Пеле кој важи за најдобар на сите времиња. Тој во кариерата постигна 1.281 гол, а со Бразил беше трипати светски шампион.

Тајгер Вудс е на четвртото место и американскиот голфер дефинитивно заслужи да се позиционира толку високо. Петтото место му припаѓа на швајцарскиот тенисер Роже Федерер, кој сè уште игра тенис и нема потреба да се каже ништо за него, освен тоа што тој е голем како спортист.

Мајкл Џордан, познатиот кошаркар, се најде на шестото место, а седми е атлетичарот Џеси Овенс. Исто така во Топ 10 се наоѓаат аргентинските фудбалери, поранешниот Диего Марадона и сегашниот Лионел Меси, а „Сан“ оваа листа ја затвори со Усаин Болт, најдобриот спринтер на сите времиња кој освои осум олимписки златни и осум светски титули. Тој и понатаму го држи рекордот на 100 метри со време од 9,58.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО