Шабан Трстена му порача на младиот херој: Марко ти можеш да бидеш шампион!

Ветено – сторено!

Олимпискиот шампион Шбана Трсетна отиде кај  младиот херој од Охрид, Марко Пејчиноски, кој со своите 12 години успеа да направи неверојатен подвиг и успешно да преплива 30 километри на маратонската патека од Св. Наум до Охрид.

Чудото беше уште поголемо, бидјеќи Марко со неговото огромно спортско срце, со предизвикот се избори и покрај здравствениот проблем кој го има – инфаркт на коска на долните екстремитети.

„Денеска Марко се израдува, кога ме виде. Се сретнав со младиот херој на Балканот. Бев изненаден од неговата приказна. Му дадов целосна поддршка, но и апелирам до Пливачката федерација, стручњаците, тренерите, да се вклучат и да му помогнат на херојот. Изненаден сум, зашто никој не го посетил. Иднината е на младите, а посебно на борци како Марко треба да и пружиме максимална поддршка“, изјави Шабан Трстена за Ипон.мк.

Текстот за нивната средба и како сето тоа игледало може да го видите на овој ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО